Раџа јога – Пат на осум степени – автор на книгата во која е собрано древното знаење за јогата е мудрецот Патанџали.

  1. Јама – пет правила што треба да се почитуваат: (1) ненасилство (ахимса), (2) вистинитост (сатја), (3) не крадење (астеја), (4) посветеност на знаењето (брамачарија) и (5) ослободеност од алчност (апариграха)
  2. Нијама – пет правила што ја помогнуваат практиката: чистота (saucha), задоволство (santosha), практика (tapas), проучување на древните списи (svadhyaya), посветеност (Isvara Pranidhana)
  3. Асана – стабилна и удобна медитативна положба
  4. Пранајама – контрола на енергијата преку длабоко и свесно дишење
  5. Пратијахара – контрола на петте сетила и на умот којшто е поврзан со сетилата
  6. Dharana (дарана) – концентрација (способност да се насочи и задржи вниманието на една содржина непрекинато за подолго време)
  7. Dhyana ијана) – медитација (способност да се навлезе и разбере суштината на нештата
  8. Samadhi (самади) – спознавање на вистината

Техники на релаксација

Не можете од вашиот живот да ги отстраните ситуациите што ви предизвикуваат стрес (всушност, животот ќе стане монотон и досаден). Но може да научите како успешно да се носите со таквите ситуации без бескрајно да се трошите себеси. А кога сте релаксирани и спокојни, тогаш носите исправни одлуки.

Има кратки (5 – 10 мин.) и долги (30 минути и подолго) техники на релаксација. Редовно практикувајќи ги, стекнувате способност за кратко време да се смирите и релаксирате и во кризни животни ситуации.

  • Учите да се ослободувате од тензијата насобрана во текот на денот, така што таа нема да се акумулира и да ве води кон истоштеност, несоница, срцеви и гастроинтестинални проблеми и сл.
  • Ослободување од болки – во вратот, рамената, `рбетот, главоболки, што се резултат на насобрана напнатост.
  • Ви се враќа внатрешниот мир и спокојното дишење и имате повеќе енергија. Кога сте спокојни, донесувате поквалитетни одлуки и сте покреативни.
  • Поквалитетно спиење
Back to Top